Кариера

Дали знаете кој е маж на годината во Македонија според Facebook?

Напишано од Nikola

На вчерашниот настан “Мажи на Годината 2018“ кој го организиравме ние, заедно со агенцијата за организирање на настани Моментум, беа избрани мажи на годината во 10 категории, од кои една беше избор на маж според социјални медиуми.

На Фејсбук фан страната, Мажи на годината, ние им дадовме можност на нашите фанови да си номинираат луѓе кои според нив сметаат дека треба да добијат признание Маж на годината. Од сите номинации на нашите фанови, ние направивме листа на која сите луѓе можеа да гласаат на Фејсбук.

Таа награда му припадна на г-динот Огнен Јанески, познатитот македонски ТВ водител која вчера му беше доделена за време на настанот.

 

 

За авторот

Nikola