Пијалоци

Дали знаете кој е сопственик на најскапата колекција на виски во светот?

Напишано од Mr. N

Многумина од нас се горди сопственици на една или две ексклузивни верзии на виски…

Сепак, во таа игра, без големо изненадување, сме поразени од еден човек од Виетнам. Тоа е бизнисменот Нгуен Дина Туан, кој е сопственик на најскапата колекција на виски во целиот свет. Овој жител на градот Хо Ши Мин е исто така носител на Гинисовата титула, благодарени на неговата вредна колекција од 16,75 милиони долари.

Неговата колекција се состои од Macallan Fine & Rare, вклучувајќи го и престижното издание од 1926 година, едно од дванаесетте шишиња од најстариот производител на виски, Bowmore, како и Springbank. Севкупно, неговата колекција се состои од 535 стари, ретки и квалитетни шишиња на Јапонско и Шкотско виски.

За авторот

Mr. N