Технологија

Дали знаете кој смартфон има најиздржлива батерија?

Напишано од Mr. N

Компанијата Wiko е една од оние кои добро ги знаат своите предности и се борат на пазарот со она со што располагаат. Поради тоа и овој пат, со новата генерација Wiko View телефони, фокусот е ставен на автономијата на батеријата.

SmartViser е позната и независна лабораторија за тестирање производи, а споменатата соработка изгледа вака: независна страна го тестира Wiko паметниот телефон, симулирајќи вистинска употреба на потрошувачите во вистински мрежни услови, со цел да ги оцени перформансите засновани на просечното користење.

Wiko View4 опремен со батерија од 5000 mAh, која е поврзана со окта-кор процесор, паметна тројна камера и максимална меморија од 64GB. Сите овие карактеристики ги надополнува full-screen со модерен дизајн. Wiko View4 е навистина вооружен да се соочи со најтешките начини на користење во текот на многу часови.

За авторот

Mr. N