Пијалоци

Дали знаете колку вреди најскапото пиво во светот?

Напишано од Mr. N

Доколку сте страствен љубител на пиво и го претпочитувате повеќе од вискито и виното, оваа вест едноставно не може да ја игнорирате.

Со цел да ги задоволи љубителите на пиво од целиот свет, брендот Northern Monk го откри најскапото пиво во Велика Британија досега произведено. Овој пијалок содржи 11% ABV Barrel Aged Imperial Stout припремено на на врвот на планината Бен Невис, што го прави уште поексклузивно и привлечно.

По подготовката, пивото поминало дополнителни два месеци во буриња со виски, донирани од дестилеријата Бен Невис. Резултатот од целиот овој процес е педесет шишиња од 330 мл луксузно пиво, секоја за 1,283 долари. Приходите од продажба на ова пиво ќе бидат донирани на Северната фондација, која е основана во септември годинава, со што ќе се осигури дека ги подобрува животните услови на северните нации и нивните заедници.

За авторот

Mr. N