Технологија

Дали знаете колку заработува Apple од продажба на еден телефон?

Напишано од martin

Пред брзо време светскиот бренд Apple ги претстави своите најнови модели на паметни телефони, часовници и други уреди, но мора да признаеме дека не не разочара. Паметниот телефон iPhone е практично кај секој зависник од технологијата, а сепак тие не се толку ефтини и достапни за секого.

Почетната цена на новиот XS модел почнува од 999 долари и 1099 долари за XS Max. Мора да признеме дека се навистина скапи, но сепак нивните телефони повторно се купуваат како никогаш досега. Според информациите кои успеавме да ги најдеме, производството на овие паметни телефони не чини ни половина од продажната цена.

Компанијата TechInsight малку повеќе навлезе во оваа тема и реши да открие колку всупност чини еден iPhone. Таа го расклопи моделот iPhone XS Max кој чини 1249 долари. Телфонот го расклопиле на сите делови и според тоа утврдиле дека тој чини некаде околу 443 долари заедно со составувањето.

Според ова ќе може да видите дека компанијата Apple заработува некаде околу 800 долари само од овој телефон.

За авторот

martin