Селебрити

Дали знаете колку заработува Кристијано Роналдо од Инстаграм?

Напишано од Mr. N

Кристијано Роналдо ја победи конкуренцијата од Лионел Меси, сестрите Џенер и Нејмар да биде крунисан за најплатен инстаграмџија.

Според една студија за „Buzz Bingo“, португалскиот суперѕведа со својот 700-ти гол во кариерата го зазеде местото број еден со достигнување на 47,8 милиони долари. Апсурдно, тоа би значело дека неговата заработка на Инстаграм е попрофитабилна од неговиот договор во Јувентус.

Студијата наведува дека Роналдо во текот на изминатата година поставил 34 спонзорирани објави на Инстаграм, со кои заработил 1,4 милиони долари по објава. Вечниот ривал на Роналдо, Меси, заработил само 23,3 милиони долари за споредба, додека Дејвид Бекам и Нејмар 10,7 милиони и 7,2 милиони долари, соодветно.

Покрај нив, Кендал Џенер се најде на третото место на списокот со богатство од 15,9 милиони долари, што ја прави драстично подобра од својата осмопласирана сестра Кајли, која заработува 3,8 милиони долари.

Погледнете го списокот во продолжение

The top 10 Instagram earners

1. Cristiano Ronaldo – $47.8 million

2. Lionel Messi – $23.3 million

3. Kendall Jenner – $15.9 million

4. David Beckham – $10.7 million

5. Selena Gomez – $8 million

6. Neymar Jr. – $7.2 million

7. Zlatan Ibrahimovic – $4 million

8. Kylie Jenner – $3.8 million

9. Ronaldinho – $2.6 million

10. Khloe Kardashian – $1.2 million

За авторот

Mr. N