Задолжително

Денешната модна инспирација се базира на кратки летни шорцеви

Напишано од Nikola

Секој маж си претпочитува свој модерен стил за во летниот период. Моментално, актуелен тренд низ светот претставуваат летните шорцеви, кои може да се искомбинираат со различни парчиња на облека за да изгледате кул и откачено на море или пак на забава. Постојат повеќе типови на кратки шорцеви, од кроени па се до ретро шорцеви, кои во продолжение може да ги разгледате.

 

  1. Карго шорцеви

Карго шорцевите претставуваат едни од најкористените модели за време на летниот период. На почетокот, голем дел од луѓето ги занемаруваа или пак правеа грешки при нивна комбинација. Но, со тек на времето, овој модел го врати својот доминантен момент, благодарејќи на уличниот стил.

2. Ретро шорцеви

Ретро шорцевите не носат назад низ времето, благодарејќи на познатите тенисери и фудбалски икони, поради кои овој стил стана актуелен. Најдобра комбинација на ретро шорцеви е класична бела маичка со скејтерска ретро патика. Исто така, не заборавајте да носите педерка.

3. Платнени шорцеви

Овие шорцеви претставуваат добар избор за секој маж, но доколку не сакате да изгледате како да сте маж од 90тите, ќе мора да пазите добро да ги искомбинарите. Најдобро е да носите поло маичка со удобна патика за да изгледате поелегантно и пооткачено.

4. Кратки шорцеви

Сите знаете дека кратките шорцеви станаа актуелни главно поради модните дизајнери. Но, кога ќе излезете на забава и ќе се напиете неколку пијачки, ќе почнете и вие да ги засакате. За да носите краток шорц, вие мора да сте спортски човек со добра изградена нога, која ќе ви овозможи да изгледате поубаво. Најдобро е кратките шорцеви да ги комбинирате со кошула со долги ракава, ретро патика и откачена бела спортска чорапа.

5. Принтани шорцеви

Принтаните шорцеви се интересен, стар моден стил кој главно го користат луѓето кога одат во парк или пак ке седнат на пиво во некој паб. Најдобра комбинација на принтан шорц е класична Оксфорд бела кошула со црни патика.

За авторот

Nikola