Во светот на часовниците

Денеска го носиме Hamilton Khaki Field Black- Дали барате идеален воен часовник?

Напишано од Mr. M

Од денеска, па секоја наредна недела, се одлучивме да ви презентираме по еден часовник од кај нашите пријатели Божиновски часовници и накит. 

Денеска имавме прилика да го носиме часовникот Hamilton Khaki Field Black, идеалне пример за тоа како треба да изгледа еден воен часовник и овој модел кој што денеска ќе ви го претставиме е потомството на искрен дел од американската историја.

Модерен и лесен за носење со дијаметар од 38 мм, додека од друга страна сеуште го има оној старомоден шарм од американската воена единица.

Хамилтон одговори на повикот на владата и произведуваше часовници за сојузничките сили за време на Втората светска војна.

Новата линија на Khaki Field Mechanical часовниците доаѓа во различни бои на куќиште и ремче, но ние го одбравме овој модел со црн бројчаник и темо зелено НАТО ремче. Совршената комбинација на црна и темно зелена боја е она што е највпечатливото кај овој часовник, но ајде да ја ставиме малку бојата на страна и да одиме со техничките спецификации.

Куќиште од нерѓосувачки челик кое што има ETA caliber 2801-2 механизам со 42-часовна резерва. Воодотпорноста на часовникот е до 50 метри, а на куќиштето може да се види и стаклото направено од сафирни кристали кое што е отпорно на гребење.

Поради тоа што станува збор за воен часовник, овој модел иако е прилично помал, сепак е доста издржлив и може да се носи и на поекстремни услови.

Еден од трендовите кој се случува во текот на последните неколку години, е тоа што воените часовници се привлечни за секојдневниот стил, а тоа е поради нивниот трендовски изглед. Ова значи дека часовникот можете да го носите и на вашите бизнис комбинации, па се до кежуал изгледот.

Бренд: Hamilton
Модел: Khaki Field Black

Дијаметар: 38 мм
Дебелина: 10 мм
Материјал на куќиште: не’рѓосувачки челик (со опција за PVD)
Боја на бројчаник: црна
Отпорност на вода: 50 метри
Ременче / нараквица: темно зелена НАТО

Движењето
Калибар: H-50
Функции: Часови, минути, секунди
Резерва на енергија: 42 часа

За авторот

Mr. M