Водич за патување

Дестинации кои е убаво да ги посетите додека не станале популарни

Напишано од martin

Во најголемите случаеви, најдобрите дестинации се оние кои имаат најдобри хотели и најдобри кулинарски рецепти. И покрај тоа што живеме во модерно време, сеуште луѓето не ги посетиле сите можни дестинации. Имаме голем број на дестинации кои се во развој и кои стануваат се популарни и атрактивни и се поголем број на туристи се одлучуваат да ги посетат.

Кога одиме на одмор, понекогаш сакаме да ги избегнеме гужвите и да се рекласираме најмногу што можеме, па често не сакаме да има многу луѓе на дестинацијата на која што сме заминале. Затоа денеска ви предложуваме неколку поатрактивни локации кои што сеуште не се премногу популарни.

Национален парк Патагонија во Чиле

Станува збор за јужноамерикански регион кој се протегува низ Аргентина и Чиле. Ова не е нешто ново, но Националниот парк Патагонија е отворен оваа година. Овој пар ви нуди да уживате во планинарењето, речните текови и дивите животни. Најубаво е да го посетите во периодот меѓу април и октомври.

Хокиадо, Јапонија

Скијачите кои сакаат авантуристички места кои можат да им понудат возбудување, често знаат да се одлучат за северниот дел на Хокиадо островот.

Црна Гора

Хравтското крајбрежје е веќе неколку години наназад атрактивно за туристите, но јужниот сосед на оваа држава се очкува да биде новата омилена дестинација на многу луѓе. Црна Гора речиси ги нуди истите атракции како Хрватска.

Јордан

Јордан е мала држава која може многу да понуди. Једрење во Црвеното Море, истражување на градот Петра кој датира 300 години п.н.е., спа третмани, пешачење и качување по карпи.

Фарските острови

Овој архипелаг се наоѓа блуску до крајбрежјето на Шкотска. Иако целото место изгледа како од бајка, рибарските села кои може да се видат тука сеуште не се баш омилени за туристите низ светот. Сепак, и покрај тоа што имаат недостаток на туристи, староседелците тоа го надокнадуваат со прекрасните патеки за пешачење, кои нудат да одите по снег низ околните планински врвови, стрмни водопади, карпи и полиња со огромно зленило.

За авторот

martin