Хотели

Детална прошетка на најубавиот Хотел во Миконос – Cavo Tagoo

Напишано од Mr. N

Секоја година во месец Јуни почнуваат сите планови за летната сезона. Оваа година тоа ни е скратено во поглед море, иако не се даваме до крај. Нормално фокусот е и на локалниот туризам, но денес одиме малку појужно.

Денес имаме еден феноменален видео прилог од најубавиот хотел на островот Миконос – Cavo Tagoo. Хотел кој редовно се позиционира во најдобрите во светот, хотел кој го посетиле селебрити од секоја можна популарна индустрија во светот. Спортисти од НБА лигата, манекенки, пејачки и глумци. Хотелот има фантастичен инфинити базен со зајдисонце кои вреди да се чека.

Миконос важи за најлуксузен остров помеѓу Кикладите, а тоа се должи поради првите чекори на фамилијата Онаазис со нивното Холивуд друштво, кои уште пред многу години го преферирале островот со неговите кристално чисти плажи и локалното население кое важи за едно од најгостопримливите во Грција.

Да не должиме многу, уживајте во видеото…..

За авторот

Mr. N