Забава

Девојките со овие хороскопски знаци најтешко се освојуваат

Напишано од Пјер

Доколку вашата симпатија е еден од овие два хороскопски знаци, тогаш тешко вам.

Овен

Таа секогаш сака да биде во право и се ќе направи за да ви објасни зошто мора да биде токму онака како што вели таа. Овие жени не влегуваат во врска лесно и брзо, а кога “конечно ќе се решат” – тешко е да ги задржите, бидејќи од љубов и внимание, многу поважно им е да бидат независни и “свои”. Затоа, немојте да ја гушите нивната слобода, не барајте да бидете целосно дел од “нивниот свет”, ако сакате жената Овен да да остане со вас.

Девица

Жена перфекционист ќе го забележи секој детаљ кај вас – и добар и лош. Таа не “паѓа” на подароци и гламурозни работи. Нејзе и е важно со што се занимавате и какви се вашите манири, и врз основа на тоа носи одлуки дали сте достојни за нивното внимание или не. Не поднесува лаги и нестабилни личности. Затоа покажете дека сте вистински маж, кој е способен да и го разубави денот, а можеби и животот.

За авторот

Пјер