Нега и одржување

DIOR SAUVAGE- парфемот наменет за најуспешните мажи

Напишано од Mr. M

Длабоко во сината боја на ноќта, интензивниот мирис на крцкањето на огнот прави нивното присуство да се чувствува во воздухот. Дрво, смола и опоен чад го исполнуваат воздухот, извивајќи се високо кон небото. Со својата рефлексија во водата, портокаловиот пламен изведува  танц на брегот на реката. Мириси кои ја дефинираат новата територија на човек што ја одбрал магијата на новите  пространства и заштитата на Месечината. Земјата која ги проширува границите во недоглед е рефлексија на новиот SAUVAGE Parfum. Збогатена мирисна композиција потпишана од  François Demachy која ја засилува свежината позната за Sauvage,  истакнувајќи ја убавината на дивата страна.

„За овој нов мирис замислував интензивна свежина кој се сретнува со совршеноста на ориенталните ноти. Ја задржав моќната душа која ја поседува Sauvage, додавајќи темен акцент, животинска привлечност со повеќе аспекти. “ François Demachy

Отвора со ноти на бергамот од  Reggio di Calabria, следат ноти на пулпа од мандарина која само ја зголемува свежината. Овојпат  е додадена нова состојка, кардамон, следи елеми која дава зачаден афект на мистичен темјан. Дрвенестите ноти се во срцевината на парфемот, каде се чувствува моќното присуство на килибар со „саге“. Мирисите продолжуваат да се отвараат со ориентални ноти и тонка грав кој дава малку горчина во мирисот.

Парфем кој е креиран со цел постојано да потсетува на машкоста. Сензуална територија, неистражена од Sauvage – се досега…

Филип Ивановски – Маж со најголем придонес во општеството за 2019

Токму затоа овој парфем беше одбран да биде дел од нашата манифестација Изборот на Мажи на Годината за 2019. Благодарение на нашите поддржувачи од Орбико и Анабела парфимерии, најуспешните мажи во Македонија добија за подарок по еден парфем DIOR SAUVAGE, поради тоа најуспешните мажи го залужуваат најдоброто.

Крис Поповски и Ненад Пантовиќ – Млади менаџер за 2019 година

Арсим Папранику – Менаџер на годината за 2019

Владимир Стајиќ – Менаџер до 40 години за 2019

Божидар Јанковски – Маж на годината во избор на организаторите

Влатко Лозаноски – Маж со најголем придонес во културата

Енвер Малиќи – Маж со стил за 2019 и Маж со трајни вредности за 2019

Мислав Галер – Маж на годината за 2019 и Маж странец за 2019

Награди добрија и Стојанче Стоилов за Маж на годината во избор на социјални медиуми и Филип Елмас, Маж со најголем придонес во спортот за 2019.

За авторот

Mr. M