Кариера

Добра организација претставува вистински клуч за успех

Напишано од The Gentleman

Сакате да бидете успешни и корисни во текот на денот? Обидете се да примените неколку едноставни совети за подобра организација во текот на денот.

Првите пет се подготвителни чекори, другите пет конкретна работа. Сите се подеднакво важни.

1. Планирајте однапред

Бележете ги во планер сите работни обврски во текот на денот, запишете време. Испланирајте ги и приватните обврски. Кога ќе заврши денот, размислете за утрешните планови или за месечните и годишните.

2.Проверете ја временската прогноза

Неверојатно е колку временските услови можат да ви заштедат време. Облеката за на работа, можете да ја припремите ден однапред. Дождот или снегот нема да ве спречи да стигнете некаде на време, ако се информирате.

3.Испланирајте ја облеката за работа навечер

Можеби ова ве потсети на вашите школски денови, но верувајте, оваа пракса штеди време. Посебно е наменета за женскиот пол.

4.Креирајте листа, следете ја и ажурирајте ја

Составете листа на работи кои морате и кои сакате да ги направите.Ако ја следите листата која ја направивте, ќе се изненадите колку ќе бидете продуктивни. Колку сте повеќе организирани ќе бидете се поуспешни и попродуктивни. Завршените работи немојте да ги бришете од списокот, само означете ги. Тоа ќе ви биде увид колку сте биле продуктивни и колку работа сте завршиле.

5.Имајте време за себе

Секогаш имајте време за себе. Прошетка, серија, читање книги и слично.

6.Читајте мудри и позитивни изреки

Понекогаш една позитивна мисла, може да биде двигател во целиот ден. Секогаш имајте мисла на денот.

 

 

За авторот

The Gentleman