Економија

Доналд Трамп, Брегзит, бегалска криза, климатски промени, социјални медиуми… Моменти за паметење оваа деценија

Напишано од Mr. M

Денеска завршува уште една деценија. Деценија во која се случија голем број на работи во светот и голем број на промени кои што ќе имаат влијание на иднината. Што ли се случуваше во последните 10 години? Ајде да започнем со Доналд Трамп кој беше избран за претседател на САД. Ова беше една од работите која што на момент го зачуди светот бидејќи изгледаше незамисливо дека тој може да застане на чело на една од најмоќните економии во светот. Сепак, ова е доказ дека во САД се е можно!

Протестите против Асад прераснаа во крвопролевање и на крајот во граѓанска војна. За осум години од почетокот на 2011 година, повеќе од 370.000 луѓе се убиени, а милиони раселени. Конфликтот се зафати со глобални карактеристики. Бран бегалци од Блискиот исток ја „поплави“ Европа и предизвика криза во земјите-членки и самата Унија. И покрај толку време, бегалската криза сеуште е една од главните теми на најмоќните земји од Европа.

Во оваа деценија се случи и Брегзит, односно Велика Британија ја напушти Европската Унија. Зарем некој можеше да го замисли ова? Односите меѓу мажите и жените, исто така, беа во фокусот на изминатата деценија. Доминација на социјалните мрежи- Движењето ME TOO, кое се рашири низ целиот свет, по низата обвиненија против холивудскиот продуцент Харви Вејнштајн, ги охрабри жените да се спротивстават на насилниците и доведоа до пад на многу моќни мажи.

Во оваа деценија се појави и Грета Тунберг која што уште повеќе ја отвори темата за климатските промени низ светот која беше беше главна тема на светските лидери кои се свесни дека на светот му се случуваа опасни промени.

Како последно ги оставивме социјалните медиуми. Социјалните медиуми прераснаа во најмоќното дигитално оружје кое што влијае на милијарда луѓе во светот. Секој месец, 2,4 милијарди луѓе редовно користат Фејсбук. Зарем има подобар доказ од ова!?

За авторот

Mr. M