Мажот во очите на жената

Дознајте зошто е тешко да се биде убав маж

Напишано од The Gentleman

Сепак не е лесно да се биде убав маж :). Барем во поглед на кариерата. За девојки, знаеме дека е полесно.

Според последните истражувања во University College London School of Management и University of Maryland US, направени во четири различни локации, дали доста интересни резултати на оваа тема. Доколку маж треба да вработи маж, надворешната убавина на вториот влијае негативно на неговата шанса за избор на даденото работно место. Знаеме дека доколку треба да се вработи девојката, ситуацијата е обратна, но сега да не навлегуваме во тоа.

Според Sun Young Lee, лидерот на истражувањето во University of Maryland, “Менаџерите се заинтересирани пред се за својата кариера, и затоа секој вид на закана, во овој случај надворешната убавина на потенцијалниот нов вработен, сакаат да го анулираат. Затоа одередени големи моќни компании се почесто користат надворешни соработници при вработување, за да не доаѓа до вакви ситуации, каде квалитетен вработен е испуштен поради својата надворешна убавина.”

Според истражувањето, се потенцираат и други случаеви, каде веќе вработен колега нема многу простор за напредок, и притоа има работа со многу сопки наместени од колегите и менаџерите, поради својот добар надворешен изглед. Така да, доколку сте убав, гледајте да не изгледате перфектно на работа, или на првото интервју. Се зезаме за последнава реченица 🙂

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman