Мода

Дознавме која е омилената боја на чевли на модерните мажи од Македонија?

Напишано од Пјер

Квалитетни елегантни чевли се must have за секој модерен маж. Како во светот, така и во Македонија.

Затоа, предходната недела, имавме интересно стори на Инстаграм (мора да не следите на friday и на fridayshop), со кое сакавме да опипаме каква боја на елегантни чевли преферираат мажите во нашата држава.

Сликата која ја користевме е со новите monk чевли достапни на Friday Shop, и анкетата имаше огромен одзив.

Резултатот од анкетата беше во корист на кафените чевли (60/40 некаде), што и не е некое изненадување поради фактот што кафените елегантни чевли (дали дерби, оксфорд или монк) одат во комбинација со поголем број на нијанси, за разлика од црните чевли. Можеме веќе со сигурност да кажеме дека кафената боја на чевли одговара со сите можни модерни машки комбинации на кои може да се сетите.

А веќе добро знаеме дека мажите од нашата држава следат мода, и веќе се рамо до рамо со остатокот од светот.

Добро е што Friday Shop неодамна објави нова колекција на елегантни обувки, кои за само десетина дена станаа најпродаваниот артикл на нашата шопинг страна.

Затоа веднаш посетете го линков и обезбедете си еден до два пара на нови елегантни чевли. Дерби, оксфорд, монк, или класични чевли…..изборот е ваш.

За авторот

Пјер