Интервјуа Стил

Драган Гоцев: “Буквално ништо не паѓа од небо и за најмал успех мора да се потрудиме“

Напишано од Mr. M

Драган Гоцев, моментално важи за еден од најперспективните стилисти за шминка и фриузра кај нас. Иако доста млад, со напорна работа и труд успеал да направи досега многу во негоавата кариера. Преку соработката со голем број на јавни личности од нашата земја, неговото име брзо започна да се шири и Драган стана еден од најпрепознатливите лица во светот на модата кај нас.

Прочитајте го ексклузивното интервју со Драган Гоцев…

Како Драган Гоцев се најде во светот на модата? 

Мене лично секогаш ме привлекувале темни и уникатни модни парчиња. Среќен сум што сум висок и можам да носам парича што некои други не можат. Како и сите други, се започна ледајќи модни ревии и профили на социјалните мрежи. Уште од почетокот сакав да имам класичен стил и секогаш се трудев да додавам работи кои ќе ме издвојат од толпата досадни мажи во карирани кошули.

Колку според тебе мажите кај нас водат грижа за својот изглед? 

Па гледајќи наназад може да се види дека моментално мажите во Северна Македонија ја достигнуваат кулминацијата во однос на модата, почнуваат да негуваат лице, нокти, почнуваат да внесуваат бои и современи фризури, стилот станува колоритен, модерен и урбан.

Колку ти водиш грижа за својот изглед? На што трошиш најмногу?  

Па согласно мојата работа, сметам дека треба да бидам пример за човек кој особено води грижа за себе. Се започнува од секојдневните мои ритуали за нега на лице и тело, четири пати неделно посетување на козметички третмани, средување на брада и коса. Одсекогаш сум сакал уникатни брендирани парчиња, паралелно на тоа сметам дека најмногу трошам на гардероба. Особено сум манијак на скапи обувки и очила.

Што е според тебе пресудно да се успее во она што се работи? 

Упорност и истрајност, многу работа на себе, следење на своите соништа, давање на 200 % од себе за успех на своите цели. Ништо ама буквално ништо во животот не паѓа од небо и за секој најмал успех мораме многу да се потрудиме.

Која е тајната на твојата огормна трансформација во изгледот?  

Мојата трансформација навистина во моментот направи бум во медиумите, но луѓето кои ме познаваат знаат дека јас почесто знам да варирам во однос на килограмите. Гурман сум и обожавам да јадам традиционална и тешка храна. Но во февруари годинава го достигнав врвот на килограми во мојот живот зајклучно мојот истенчен вкус, изгледав огромно. Тајната за мојот моментален изглед е мојата упорност пред се, секако овде големо влијание имаат повеќе луѓе без кои овој изглед би бил само сон, односно мојот инструктор по кик бокс, фитнес тренер, нутриционист и козметички третмани.

Бизнис или кежуал стил? Што преферираш повеќе? 

Бизнис никако, декумно кежуал, мојот стил се менува од моето расположение, од сосема развлечено и спортски до болно стегнато неудобно. Генерално специфичен и уникатен.

Во твоето досегашно работење си соработувал со доста јавни личности… Може ли да ни издвоиш неколку? 

Никогаш не сум бил особено опседнат со јавните личности, ние овде реално и имаме премалку јавни личности, но кога би морал да издвојам ете тоа нека бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска, Љупка Митрова, фамилијата Заеви (сметам дека тоа за вас е најинтересно) итн.

View this post on Instagram

@georgikoncaliev

A post shared by @ dragangocev on

За авторот

Mr. M