Омилени места

Дрвена куќа со поглед на океан за совршен летен одмор

Напишано од Mr. N

Доколку Бали се наоѓа на вашата листа за патување, но вие не можете да си го дозволите, тогаш оваа информација ќе ви биде корисна.

Куќата на дрво се наоѓа на карпата од каде гостите имаат фантастичен поглед кон океанот, а опкружението е прекрасното зеленило и најважната информација е дека престојот е доста евтин, односно 30 евра од ноќ.

Во оваа куќичка на дрво се остваруваат сите соништа од вашето детство. Замислете дека се будите и го чувствувате свежиот воздух, мирисот на дрвјата и го слушате звукот на птиците. Гледање на изгревањето и заоѓањето на сонцето е неверојатно искуство.

 

 

За авторот

Mr. N