Фитнес

Две причини зошто пливањето е корисно за телото

Напишано од Mr. M

Ако имате намера да ги исполните фитнес желбите, да изгубите некој килограм, да ја подобрите кондицијата и да ги активирате мускулите, тогаш фокусирајте се на пливањето бидејќи тоа е правиот избор за вас. Освен што ги активира сите мускули на телото, пливањето е активност која нуди премногу мали шанси за да се повредите.

Преку пливањето до унапредување на кардио перформансите. Преку пливањето ќе постанете послаби само ако имате добра техника. Со добра техника на пливање, вие ќе добиете многу повеќе особено во делот на кондицијата и подигнување на кардио капацитетот.

Пливањето ги активира сите мускули одеднаш. Вие нема да успеете да направите некое посебно развиено тело, но пливањето дефинитивно влијае во развојот на мускулите.

За авторот

Mr. M