Мажот во очите на жената

Две Швеѓанки со доста интересен муабет за фраерите од Скопје

Напишано од Mr. N

Викендов бевме сведоци на една интересна анализа за мажите од Скопје. Имено, две Швеѓанки, кои деновиве присуствувале во Скопје како дел од некој семинар, имале прилика да го проживеат ноќниот живот во нашиот главен град. На оваа тема, двете направиле мини анализа на нивните ФБ профили, која дава доста добри инсајдерски муабети за тоа како девојките од Западна Европа го доживуваат фраерите од Скопје.

– Бевме изненадени од нивниот однос, ќе се напијат и после само меѓу себе си прват моабет како кланови.
Дури и ако им пристапиш се срамат и се повлекуваат, односно се однесуваат чудно. Главна тема им се автомобилите, кои се паркирани насекаде, и кои очигледно ги возат под влијание на алкохол. Чуден народ, чудни момци, сите стегнати. Главен разговор сакаш ли да се провозиме, надвор ми е паркирана колата.
Присуствувавме во едно кафуле каде имало супер Dj по препорака на нашите пријатели од семинарот. Сите гледаа надоле во својата маса, и само по некој се смееше. Ако некои непознати направат меѓу себе моабет веднаш цел кафич се врти према нив и ги гледа и чека што ќе се случи.

Пофалиле и атмосфера, и кафичи, и храна, но момците од Скопје оставиле лош впечаток

За авторот

Mr. N