Луксуз

Џеф Безос инвестираше рекордна сума во недвижен имот

Напишано од Mr. M

Купувањето на имотот на Безос го надмина претходниот рекорд од 150 милиони американски долари за имотот „Чартвел“ што го купи Лахлан Мардок во 2019 година. Основачот на Амазон, Џеф Безос, наводно, купил имот во Беверли Хилс за 165 милиони долари, што е рекорд кога станува збор за најскапиот недвижен имот на продажба во Калифорнија. Според извештајот на „Волстрит џурнал“, Безос го купил домот на медиумскиот магнат Дејвид Гефен.

Имотот е дизајниран во 1930-тите. Се одликува со вила од 13.000 квадратни метри, две куќи за гости, тениско игралиште, базен и голф со девет дупки. Вклучува и посебен дел за автомобилите што има своја гаража и бензински пумпи.

Гефен го купил имотот во 1990 година за 47,5 милиони долари, а денеска успеал да го продаде за речиси 10 пати повеќе.

 

За авторот

Mr. M