Селебрити

Џенифер Анистон направи бум на Инстаграм со неочекувана фотографија

Напишано од Mr. N

Профилот на Џенифер Анистон на Инстаграм оствари неверојатен бум со едноставна фотографија.

Ѕвездата на „Пријатели“ никогаш не била љубител на социјални мрежи и сега конечно отвори профил на Инстаграм, кој некое време беше вон функција поради преголем интерес на фановите.

За само еден час, Анистон собра над 116.000 следбеници, а нејзиниот прв пост доби илјадници лајкови пред профилот да падне. Нејзината прва објава беше селфи со колегите од „Пријатели“.

„Сега сме пријатели и на Инстаграм! Здраво Инстаграм!“, напиша 50-годишната Анистон.

Таа имаше само 25 години кога почна да ја игра Рејчел Грин во серијата која за десет сезони стана една од најпопуларните на сите времиња. Анистон ја отфрли можноста за снимање филм според серијата.

 

 

За авторот

Mr. N