Музика

Џентлмен со труба – Мајлс Дејвис

Напишано од The Gentleman

Мајлс Дејвис, вистински џентлмен. Човек кој не внесе во светот на добрата музика, на џезот, на убавите звуци и уживањето. Музика која не опушта и ни дава хедонистичко надополнување. Секој од нас кој ужива во добро вино, добра пура, после напорен и тежок ден, знае што збориме.

Овој џентлмен е роден на 26 мај 1926, бил американски џез музичар, трубач, водач на група и композитор. Сметан ширум светот за еден од највлијателните мизичари на 20 век, Мајлс Дејвис заедно со неговите музички групи беше во редовите на оние музичари коишто ја развија џез музиката, како и бибап стилот, кул џезот, хард боб стилот, модал џезот и џез фузијата.

На 7 октомври 2008 година, неговиот албум од 1959 година „Kind of Blue“ ја доби потврдата за својата четирикратна платинска продажба од страна на Асоцијацијата на музичката издавачка индустрија на Америка, со 4 милиони примероци пуштени во продажба во Соединетите Држави. Мајлс Дејвис во 2006 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот и  беше запишан како „еден од најбитните фигури во историјата на џезот“.

На 15 декември 2009 година Претставничкиот Дом на Соединетите Американски Држави изгласал симболична резолуција по повод педесетгодишнината од издавање на албумот „Kind of Blue“: „оддавајќи почит на неговото ремек дело и реафирмирајќи го џезот“ со што го прогласија за национално богатство.

Њујорк и почетоците на бибоп стилот

Есента 1944 година, Дејвис го завршил средното училиште, и се преселил во Њујорк да го продолжи своето образование во музичкото училиште „Џулијард“. По неговото доаѓање во Њујорк, и покрај противењето на неколкумина тој да ги поминува своите први неколку недели обидувајќи се да стапи во контакт со Чарли Паркер, сепак тој успева да стапи во контакт не само со него туку и со саксофонистот Колман Хокинс.

По конечното пронаоѓање на неговиот идол, Дејвид станал еден од музичарите којшто одржувале импровизирани ноќни сесии во два ноќни клуба во Харлем, Милтонс Плејхаус и Монрос. Бендовите биле составени од музичари како што се Фатс Наваро, Фреди Вебстер и Џ.Џ. Џонсон, кои подоцна ќе станат водачи во бибап револуцијата. На овие музички настани имало изведувачи и од редовите на етаблираните музичари како што се Телониус Монк и Кени Кларк.

Дејвис откако побарал дозвола од неговиот татко, си заминал од „Џулијард“. Во неговата автобиографија, Дејвис го критикува музичкото училиште поради настроеноста кон проевропските музичари, меѓу кои многумина биле белци. Како и да е, тој има нагласено дека и покрај зголемувањето на неговите вештини на трубата, музичкото училиште му ги поставило темелите на неговото теоретско познавање на музиката, кое што подоцна ќе се покаже и како корисно. Дејвис почнал да се занимава професионално, изведувајќи во неколку клуба заедно со Колман Хокинс и Еди Дејвис. Во 1945 година, тој за првпат стапнал во студио за снимање како дел од бендот на Херби Филдс. Во 1946 година му се укажала шанса да сними албум во улога на водач на група, со привремената група наречена „Мајлс Дејвис Секстет“ заедно со Ерл Колман и Ен Хетевеј. Неговиот следен ваков албум бил издаден дури во 1947 година.

Околу 1945 година, Дизи Гилеспи се разделил со Паркер, и Дејвис бил најмен да го пополни местото на Гилеспи во бендот, во којшто свиреле Макс Роуч на тапани, Ал Хеиг на пијано, (подоцна заменет со Сер Чарлс Томсон и Дјук Џордан), и Курли Расел на бас (подоцна заменет со Томи Потер и Леонард Гескин).

Со Паркер Квинтетот, Дејвис влегол неколкупати во студио, покажувајќи го неговиот препознатлив стил по кој ќе се прослави. Често користената песна на Паркер “Now’s the Time”, ќе ја искористи и Дејвис во своевидно мелодично соло кое личело на кул џез стилот кој подоцна станал многу популарен кај музичарите. Паркер Квинтетот одржувал турнеи насекаде. Додека биле на турнеја во Лос Анџелес, Паркер доживеал нервен напад, по што бил сместен неколку месеци во државната ментална болница „Камарило“, по што Дејвис се нашол заглавен. Тој живеел и соработувал одредено време со басистот Чарлс Мингус, пред да работи на турнејата на Били Екстин низ Калифорнија. Во 1948 година, Паркер се вратил во Њујорк, а Дејвис му се приклучил на бендот.

Односите меѓу членовите на бендот станувале сè понапнати. Во декември 1948 година, настанала караница околу поделба на хонорарот, која што ги заладила односите меѓу членовите уште повеќе. Дејвис конечно ја напуштил групата поради неговата караница со Паркер во Ројал Руст.

За Дејвис, неговата разделба со бендот на Паркер го означила периодот во кој тој ќе настапува како хонорарен изведувач или како поддршка за големите џез „ѕверки“ на њујоршката џез сцена.

„Kind of Blue“ (1959-64)

По доаѓањето на Бил Еванс во секстетот, Дејвис започнал со екпериментирање кое може да се забележи во „Milestones“ (1958) и „Miles“ (1958) во контрас на неговите претходни дела со хард боп стилот и џез.

Во март и април 1959 година, повторно влегол во студио, со цел да сними албум со неговиот секстет, општо сметан за ремек дело во музиката наречен “Kind of Blue ”. Неколку месеци пред да го формира своето трио со Бил Еванс, тој го повикал Гил Еванс да му се приклучи повторно, поради потребите во снимањето на албумот, бидејќи музиката е правена за стилот на Еванс во улога на пијанист. И Дејвис и Еванс биле лично запознаени, а особено Дејвис од разговорите со Расел и другите кои се случиле пред снимање на албумот “Birth of the Cool”, со идејата на пијанистот Џорџ Расел за внесување во звукот модален џез. Дејвис, меѓутоа, запоставувајќи да го извести тогашниот нивни пијанист Кели, за улогата којашто му е доделена на Еванс во текот на снимањето, па поради тоа Кели свирел само во една песна “Freddie Freeloader” и не беше промовиран во априлското деби на албумот. Песните “So What” и “All Blues” од страна на секстетот биле свирени веднаш пред сесијата за снимање, но за остатокот на другите три композиции Дејвис имал подготвено нацрт план за работа во кој музичарите за првпат биле запознаени со ваквиот начин на работа и снимање на песни, а резултатот бил да се дозволи приод до посвеж, односно до понов пристап до создавање импровизацијата. Албумот којшто произлезе се покажа како мошне популарен и со огромно влијание. Според Здружението на музичките сниматели на Америка (“ RIAA”), албумот “Kind of Blue” е најпродаваниот џез албум на сите времиња, со четирикратна платинеста продажба (4 милиони копии продадени). Во декември 2009 година, Претставничкиот Дом на Соединетите Држави со 409 гласови за и 0 против ја изгласа резолуцијата која го прогласи албумот за национално богатство.

Трубата која Дејвис ја користел во текот на снимање, моментално е изложена во музичката зграда во универзитетскиот кампус на универзитетот “Северна Каролина” во Гринсбру. Беше донирана во училиштето од страна на Артур Бади Гист, кој се запознал со Дејвис во 1949 година и станал негов близок пријател. Поради подарокот се појави и причината зошто џез програмата во универзитетот е наречена “Miles Davis Jazz Studies Program”. Во 1959 година, квинтетот на Мајлс Дејвис настапуваше во познатиот ноќен клуб Бирдленд во Њујорк. По завршувањето на 27-минутното снимање за потребите на војската на САД, Дејвис зел пауза надвор од клубот. Исто така тој придружувал атрактивна русокоса девојка по тротоарот со цел да ја смести во такси, кон Дејвис пришол полицаецот Џералд Килдаф кој му рекол да продолжи да врви по патот. Дејвис му објаснил дека работи во ноќниот клуб и дека одбива да се помрдне од местото на којшто стоел. Полицаецот му се заканил дека ако не го послуша ќе биде приморан да го уапси, зграпчувајќи го Дејвис, по што Дејвис почнал да се брани. Сведокот на настанот посочил дека Килдаф до удрил Дејвис во стомакот со неговиот пендрек, без било каква провокација. Два детектива којшто биле во близина ја држеле јавноста подалеку од настанот, додека третиот детектив, Дон Ролкер, му пришол на Дејвис отпозади и го удирал во тилот. Дејвис потоа бил уапсен и ставен во притвор каде што бил обвинет за напад врз полицаец. Потоа бил однесен во болницата Сеинт Клер каде што добил пет конци поради повредата здобиена на неговата глава. Дејвис се обидел да ја добие својата правда на суд, па за на крајот да се произнесат страните за спогодба, со што му се вратила дозволата да настапува во кабаре, а со тоа ја повратил дозволата да настапува во клубовите низ Њујорк.

Дејвис се обидувал да го убеди Колтрејн да настапува во неговата група низ последната нивна турнеја низ Европа во пролетта 1960 година. Иако не бил во можност да свири во неговата стара постава сочинета од квартет, сепак се вратил да изведува песни од албумот на Дејвис од 1961 година “Someday My Prince Will Come”. По Колтрејн, Дејвис се обидел да намами различни саксофонисти, како што се Џими Хит, Сони Стит и Хенк Мобли. Квинтетот заедно со Хенк Мобли имаат снимено песни во студио, како и неколку живи настапи во Карнаги Хол (”Carnegie Hall”) и во Блек Хок џез клубот во Сан Франциско. Перформансот на Стит во бендот може да се пронајде на снимка направена во музичкиот клуб Олимпија во Парис, (каде Дејвис и Колтрејн имаат свирено неколку месеци пред тоа), и во албумот ”Live in Stockholm album”.

Во 1963 година, Кели, Чемберс и Коб како долгорошно решение на Дејвис во ритам секцијата, наскоро ќе се промени. Тој набргу составил нов бенд, вклучувајќи го и тенор саксофонистот Џорџ Колман и басистот Рон Картер. Дејвис, Колман, Картер и неколкумина други музичари, снимија половина песни за потребите на албум излезен во пролетта 1963 година. Неколку недели подоцна, седумнаесет-годишниот тапанарТони Вилијамс и пијанистот Херби Хенкок му се придружија на бендот, и потоа Дејвис, Колман и новиот перкусионист го снимија остатокот на албумот “Seven Steps to Heaven”.

Ритам тимот се споија заедно како едно со трубачкиот дел. Брзиот развој на бендот може да се лоцира во албумот “Seven Steps to Heaven” снимен во Европа во јули месец 1963 година, во албумот “My Funny Valentine” издаден февруари 1964 година, и ”Four and More”, исто така издаден февруари 1964 година. Квинтетот ги свиреле претежно истите песни од бибоп стилот и стилски поврзани со раните дела на Дејвис, но сепак биле допрени од зголемената структура и ритмичка слобода, со зголемена брзина.

Колман си заминал во пролетта 1964 година, но по сугестија на Тони Вилијамс беше заменет со авангардниот саксофонист Сем Риверс. Риверс останал во бендот само накратко, но успева да излезе на албум снимен во Јапонија во јули 1964 година наречен ”Miles in Tokyo”.

Кон крајот на летото, Дејвис успева да го убеди Вејн Шортер да си замине од бендот на Арт Блејки и да се придружи на неговиот. Шортер наскоро ќе постане главниот композитор и некои негови композиции во овој период (вклучувајќи ги “Footprints” и ”Nefertiti”) постанале стандардни во подоцнежните џез изведби. Додека биле на турнеја низ Европа, бендот набргу се здобил со својот прв официјален албум “Miles in Berlin” издаден во септември 1964 година. На враќање во САД кон крајот на годината, музичкиот агент, Џеки де Шенон барајќи од него, Дејвис успеал да го намами бендот Д Бирдс да потпишат за Колумбија Рекордс.

За авторот

The Gentleman