Архитектура Селебрити

Џоковиќ платил 6,7 милиони долари за стан во Мајами

Напишано од Mr. M

Новак Џоковиќ после освојувањето на Вимбелдон 2019, реши да направи еден заслужен одмор и да се посвети на неговиот нов стан. Тој купил огромен трособен стан на обалата на Мајами.

Станот се карактеризира со неверојатен поглед кон Атлантскиот океан, а во приземјето има и сопствен базен. Освен ова, овој стан има и приватен двор, приватна библиотека, три купатила.

Становите кои што може да се најдат во таа зграда каде што купил Џоковиќ стан, се движат од 2 до 13 милиони долари, а станот на Џоковиќ изнесува 6,7 милиони долари.

Погледнете како изгледа…

За авторот

Mr. M