Селебрити Стил

Џонан Хил е официјално дел од Адидас

Напишано од Mr. N

Започнувајќи од Октомври 2018 година, Џонан Хил на подкастот Failing Upward потврди дека соработува со „Адидас“. После тој настап, се појавуваа само гласини во врска со соработката, но сега, самиот Хил официјално го потврди партнерството на социјалните медиуми.

Ова е официјална објава дека соработувам со брендот Адидас“, рече тој во својата објава на Инстаграм. „Благодарност до тимот на Адидас што веруваше во моите идеи и ги поттикнуваше да станат уште подобри. Ова претставува сон за мене со кој ќе започне нова патека со нов тим кој го почитувам и сакам“.

Во продолжение, погледнете неколку фотографии од Хил во Адидас облека објавени на неговиот Инстаграм профил.

За авторот

Mr. N