Автомобили

Еден и единствен, новата Lada Niva 2018 година

Напишано од martin

Сигурни сме дека еден од најценетите теренци на сите времиња е добро познатата Lada Niva. Тој важи за еден од најдобрите џипови кој е толку моќен, што кажуваат дека речиси може на се да се искачи. Дизајнот на овој автомобил е буквално непроменет од 1977 година. Сепак, овој пат русите решија да го унапредат малку дизајнот на новиот модел, па додале неколку ситници кои се надеваме дека ќе ви се допаднат.

Овој пат секој нов модел на Lada Niva ќе има 4X4 погон, што значи дека секој џип ќе може да ве однесе на неверојатни патувања. Друг многу важен додаток е климата, која сега ќе ви овозможи да се ладите и греете на најбрз и најефикасен начин.

Третиот и можеби највидливиот додаток кој може да се види е бојата, која содржи различни нијанси на зелена боја што го прави овој џип да добие една војничка слика.

 

За авторот

martin