Технологија

Еден од омилените машки гаџети- слушалки! Предлог 4 пара кои се популарни денеска

Напишано од martin

Ако сте некој кој се грижи за себе, за својот слух и за вашето психичко здравје, треба да вложите во добар пар на слушалки кои нудат квалитетен звук. Со денешниот голем развој на технологијата, може да се најдат доста квалитетни слушалки на пазарот. Затоа денеска ние ви претставуваме 4 пара на слушалки кои што вреди да си ги купите, а воедно тие се и добар гаџет кој ќе го подигне вашиот стил.

Audio-Technica ATH-WS660BT

Ако сакате да бидете во тренд и да одберете квалитетни bluetooth слушалки ви го претставуваме овој модел. Висок квалитет, а може да го имате по солидна цена.

Audeze iSine LX

Овие големи бубици имаат планармагнетни драјвери за ниска дисторзија и солиден бас. Овие слушалки имаат панорамски звук.

Anker Zolo Liberty

Ако сакате да земете доста квалитетни бежични слушалки, а не сакате да потрошите големи пари, ние ви го нудиме овој модел. Овие слушалки се отпорни на потење и нудат 3,5 часови траење на батеријата.

Google Pixel Buds

Ако ви е потребен аудио преведувач во текот на летото, навигација во некоја странска земја, овие слушалки се измислени за тоа, нормално ако имате Pixel телефон бидејќи го праќаат звукот во Google Translate апликацијата.

За авторот

martin