Фитнес

Едноминутен тренинг за мозокот и телото додека сте во канцеларија

Напишано од The Gentleman

Недостатокот на време кај луѓето често знае да направи потешкотии и замор, а тоа е пред се поради тоа што луѓето не одвојуваат време за себе и за своето тело. Тоа доведува до зголемен стрес кој што многу штети на нашето здравје.

Еден од најдобрите начини за да се справиме со тоа е вежбањето на телото и психата во една минута. Немате време за цел тренинг? Во ред, само правете го ова секој ден. Немојте да мислите дека една минута е безначајна, замислете само колку значат 60 секунди во едно натпреварување. И вие исто можете да направите многу во една минута. Фокусирајте се само на неа!

Во таа една минута можете да направите вежби од типот на длабоко дишење, склекови, чучњеви или стомачни. Направете нешто, не е важно што е.

Одкако ќе ја искористите првата минута, може ќе видите дека имате време и за втората. На овој начин ќе направите 30 минути интензивно вежбање во текот на еден месец, а колку вежбавте претходниот?

За авторот

The Gentleman