Интервјуа

ЕКО МАЖИ: Марко Трендафилов – косопственик и менаџер на LGA Style & Luxury

Напишано од The Gentleman

Во рамки на проектот ЕКО-МАЖИ кој што го започнавме со поддршка и соработка со Халкбанк АД Скопје и нивната апликација HalkEco, денеска разговараме со Марко Трендафилов, косопственик и генерален менаџер на LGA Style & Luxury ексклузивна продавница за пури и аксеосари во нашата држава.

Марко Трендафилов важи за пример за свесен лидер во нашето општество. Тој е човекот кој кој ужива во возење на велисипед, и придонесува за околината.

  1. Марко Трендафилов, сопственик на една од најубавите продавници во Скопје, продавница за пури, алкохол и аксесоари за пури LGA Luxury & Style. Колку македонците уживаат во добра пура?

Да бидам искрен пура културата во нашата држава од ден на ден се повеќе се развива, а со тоа и се повеќе мажи и жени уживаат во добра пура.Среќен сум кога ќе видам луѓе како се повеќе се интересираат за пурите, бидејќи пурата е производ кој нуди максимално уживање. Од почетоците на бизнисот уште 2014 година до ден денеска можам да кажам дека има огромен напредок и интерес. За жал, има луѓе кои сеуште пурата ја гледаат како престиж, но затоа нашата цел е да ја направиме пурата спротивното дека таа е за уживање а не за општествен статус. Моето мото е дека секој, ама апсолутно секој може да ужива во пурата.

  1. Што се правите за да ја развиете пура културата кај нас?

Нашата клиентела се најчесто луѓе кои веќе имаат искуство во уживањето на пурите, но и постајно како што кажав се појавуваат луѓе кои сакаат да пробаат и да уживаат. Пурата како еден комплексен производ ни доаѓа во разни форми и мешавини на листови од тутун кои ја прават секоја пура посебна. Нуди максимално уживање и кога ќе помислите дека пурата е 100% природен продукт и рачно произведен од преку 200 раце, им оддавате почит на сите тие луѓе. . Токму затоа, ние како “екипа” правиме разни настани каде организирано уживаме или дегустираме пури. Имаме и Facebook група која има околу 1000 членови каде секојдневно споделуваме искуства од некоја пура, и разменуваме мислења. Работиме на еден настан кој се вика Мак Афиционадо, кој се одржува веќе 2 година, каде бираме афиционадо на годината. Нашата работа која ја правиме беше препознаена и од официјалниот избор на Мажи на годината каде нашиот истакнат член Габриел Стибел се закити со наградата Хедонист на годината за 2019.

  1. Како човек кој е сопственик на еден ајде да кажеме луксузен бизнис важите за човек кој може да се сретне најчесто на велосипед? Дали е тоа дел од вашето секојдневие?

Велосипедот е можеби најдоброто превозно средство кое е измислено. Да се возите на велосипед има посебно уживање, можности за размислување, побрзо стигнувате до посакуваната дестинација, и едноставно сте по мобилни. Живееме за денот да го видам нашиот град целосно прилагоден за велосипедисти налик Холандија, бидејќи што повеќе луѓе возат велосипеди, влијае на нашето здравје и општото здравје, помалку загадуваме, штедиме на време и простор.

  1. Кога сме на тема велосипеди, колку нашата држава има свесни лидери кои вложуваат во еко проекти и проекти за доброто на општеството?

Мислам дека се повеќе нашата држава има свесни лидери кои се борат да придонесат за подобар развој на општеството и лидери кои се трудат преку своите компании да придонесат за едно подобро општество за сите. Тргам од себе, како релативно млад човек, дека сите ние во рамките на нашите можности треба да влијаеме на една подобра средина и општество за пример.

  1. Какви беа твоите почетоци во бизнисот? На што си особено горд во твојата кариера?

Моите почетоци беа заедно со моите родители, кои имаа една голема и успешна компанија, која беше еден лидер во нашата држава, но за жал повеќе не постои. Потоа преку моите бизнис партнери и инвеститори го започнавме бизнисот со пури кој го развиваме веќе 7 година. Она што ме прави посебно горд е токму можноста од еден производ како пурата да го промовираме како момент на хедонизам и уживање, и што заедно со мојот тим и пријатели влијаеме на пура културата во нашата држава.

За авторот

The Gentleman