Пијалоци

Ексклузивна Johnnie Walker Blue Label Ghost and Rare едиција

Напишано од martin

Johnnie Walker пред брзо време ја претстави Blue Label Ghost and Rare колекцијата која ќе има за цел да ни го претстави едно од најдоброто виски на светот. Специјално дизајниран од Johnnie Walker мајсторот за дестилација, Џим Бевериџ, Blue Label Ghost and Rare се состои од богати осум мешавини на шкотски вискиа. Од овошни ароми од сладок ананас, па до богати ноти на лешник и темно чоколадо. Колекцијата дебитира со Highland Single Malt, Brora – мешавина во која центарот на вниманието ја има лесната текстура и софистицирано благ вкус. Освен тоа, постојат и две додатни “ghost” вискиа кои потекнуваат од непознатите Cambus и Pittyvaich дестилерии.

Останатите пет мешавни кои се дел од колекцијата се Royal Lochnagar, Clynelish, Glenkinchie, Glenlossie и Cameronbridge.

За авторот

martin

1 Коментар