Интервјуа

Екслузивно интервју со жената менаџерка за 2018 година- Маја Ацески

Напишано од Mr. M

Денеска нашиот тим имаше можност да разговара со Маја Ацески, жената менаџерка за 2018 година во Македонија. Продукциски и извршен менаџер во компанијата Златекс, ко-основач на првата меѓународна платформа за тренери и тренинзи, Trainings4All и ко-основач на проектот, Mindful Movement SEE.

Што е според тебе потребно за да се биде жена менаџер на годината?

За да се биде жена менаџер на годината треба некој да го препознае и вреднува нашиот труд тоа е едната страна и другата страна е да безрезервно се вложуваш во тоа што го работиш и секогаш да те води прогресот наместо целта.

Каква е според тебе ситуацијата на жените во бизнисот во Македонија?

Јас навистина не би можела да зборувам за генералната слика во државата но во моето опкружување јас прилично сум опкружена со многу успешни и способни жени. Жени кои што знаат да бидат вешти професионалци на моменти ладнокрвни но сепак да останат доследни на женственоста и на дамско во себе. Но верувам дека ситуација ќе оди на подобро затоа што секојдневно наидувам на жени кои што имаат желба да напредуваат и да се менуваат и тоа и те како ќе ја подигне женската самопочит и самодоверба.

Како е да се биде жена менаџер во нашето опшество?

Едноставно, жените се менаџери и без да ја имаат таа титула професионално. Секојдневно го менаџираат својот дом, семејството, обврските. И едноставно истите овие навики треба дс е средоточат на професионално поле и да се има стручност во зависно од дејноста. Плус тука се оние меки вештини кои што ги поседуваваме социјално-емоционални да можеме малку и интуитивно да донесуваме одлуки под притисок. Јас никој пат не сум гледала машко женски опстанок во опшеството можеби и затоа живеам таква реалност.

Колку според тебе младите кај нас ризикуваат за успех?

Јас би го преформулирала прашањето затоа што ризикот јас го гледам како предизвик, младите треба да бидат инспирирани за нови знаења, искуства и на промена. Само така ќе може да патуваат и да уживаат во успехот се друго ќе биде барање на некоја недостижна цел.

Што е според тебе пресудно за успех?

Во секој момент да го работиш тоа што ти преставува најголемо задоволство и предизвик, со должно почитување и без никакво очекување. Ова е мојата формула за успех.

За авторот

Mr. M