Водич за готвење Интервјуа

Со експертот Јосиф Дамјанов на тема пилешко месо

Напишано од Mr. M

Денеска имавме можност да разговараме со Јосиф Дамјанов. Ко-основач на мобилната апликација ФитКит, независен партнер на Herbalife Nutrition, основач на својот влог каде што зборува за неговите ставови и размислувања поврзани со исхранта.

Во разговорот со Јосиф, успеавме да дознаеме неколку интересни факти поврзани со пилешкото месо и бенефициите од него.

Кои се клучните бенефиции од пилешкото месо?

Клучни бенефиции би издвоил 3. Прво е супер извор на т.н. посен протеин бидејќи е месо кое што има драстично помала количина на масти во споредба со свинско и јунешко/телешко. Дополнително е добар извор на селен, Б6, ниацин и фосфор. Второ има пократко време на подготовка што го прави иедално доколку сме во брзање, а сакаме да приготвиме некаков главен оброк. И трето е најголем пријател на природата за ралика од другите меса и за ова се’ повеќе се зборува ширум светот. Имено количината на CO2 што ќе се ослободи во атмосферата доколку на трпезата имаш 1кг пилешко месо е драстично помала од количината на стакленички гасови за 1кг на свинско, јагнешко, телешко итн.

Колку е важен начинот на подговтовка на пилешкото месо со цел да се извлечат најповолните ефекти?

Па во случајот со пилешкото прво треба да земеме во предвид дека не бара голем период на подготовка и затоа било кој начин на подготовка (печење, варење или пржење) нема да направи некоја голема разлика. Поважно е да си го поставиме прашањето со какви додатоци ќе го готвиме. Така на пример доколку избереме опција печење или пржење јас би препорачал да се додадат маслиново масло, зачини и растенија како морков, лимон, лук и останати по желба.

Кој дел од составот на пилешкото месо е најкорисен?

Разликата во хранливата вредност помеѓу различни делови во пилешкото месо е толку незначителна што буквално не можеме да кажеме дека еден е подобар од друг. Тоа нека биде личен избор. Она што само прави сериозна разлика е кожата. Доколку сакаш помалку масти и калории во твојот оброк, тогаш тргни ја кожата и не размислувај кој дел го јадеш.

Во последно време, имаше многу разговори за содржината на хормони во пилешкото месо. Што мислите за оваа тема и колку според вас влијае подговотвката на месото на оваа тема?

Во било кое месо на денешницава многу често се користат секс хормони и хормони за раст. Научно не е докажано дека јадењето пилешко ќе направи пореметување на хормони и во случаеви кога науката има основ за сомнеж се работи за големи количини на секојдневно консумирање пилешко месо. Следствено на ова подготовката не треба да се заснова на стравот од хормоните во местото. Но, доколку сакаш да бидеш максимално сигурен, тогаш вари го и целата бела содржина што ќе излезе на површината на водата отстранувај ја со лажица.

За авторот

Mr. M