Кариера Настани Спорт

Елиф Елмас – Маж со најголем придонес во спортот за 2019 во Македонија

Напишано од Mr. M

На вториот избор на Мажи на Годината за 2019 кој се одржа на 27 ноември, во хотел DoubleTree by Hilton, наградивме 13 успешни мажи во различни категории. Една од наградите беше Маж со најголем придонес во спортот.

Придонес во спортот е значаен придонес за сите нас, и носи големи радости за сите нас. Успехот во спортот е успех на Македонија и заслужува да биде дел од посебни почести. Вистински мотив за младите е кога ќе го видат својот идол како носи радост за сите нас. Ова е награда која е за победник на, и надвор од терените.

Оваа награда оваа година оди во рацете на нашиот млад и успешен фудбалер, кој од мали нозе игра во големи фудбалски лиги, а оваа сезона направи трансфер во една од најдобрите светски лиги Италијанската и ги брани боите на Наполи.

Елиф Елмас, Маж со наголем придонес во спортот за 2019 година во Македонија.

Оваа манифестација, беше поддржана од DoubleTree by Hilton Skopje, Орбико, Анабела пафимерии, Shell, Dior, Бест Веј Инвестмент, Пивара Скопје, Амстел, Швепс, модниот бренд Gabbiacci, Тиквеш и ЛР, Аутомобили Груп, Јагуар и Ленд Ровер, Медисеи, Пантенол Екстра, Фабрика Карпош, ЛГА, и од голем број на медиуми кој безрезевно ја дадоа поддршката.

За авторот

Mr. M