Автомобили Технологија

Елон Маск открива нова занимлива карактеристика за Тесла

Напишано од Mr. N

Се претпоставува дека Tesla наскоро ќе прави автомобили што зборуваат, потврдува Елон Маск со објава на ново видео.

Извршниот директор на „Тесла“ на Твитер  сподели видео на кое е претставена потенцијалната нова функција. „Наскоро Тесла ќе разговара со луѓето доколку сакате“, напиша тој во насловот, додавајќи: „Ова е реално“.

Според „Electrek“, Тесла го ажурираше предниот дел на моделот 3 за да вклучи дел за звучници минатата година. Сега се чини дека тимот најде начин да ги искористи надворешните звучници.

На видеото, моделот Tesla Model 3 може да се слушне како им наредува на пешаците да влезат во колата.

 

За авторот

Mr. N