Економија

Елон Маск стана најбогатиот човек на светот

Напишано од The Gentleman

На почетотокто на 2021 година се случи пресврт кога се работи за најбогатите луѓе во светот. Од вчера официјално Елон Маск стана најбогатиот човек на светот. Тоа се должи на брзиот раст на акциите на неговата компанија Тесла.

Неговото богатство достигна 188.5 милијарди долари и изби на врвот, поминувајќи го Џеф Безос чије богатство е проценето на 187 милјарди долари.

  Тој изби на врвот по денешниот нов пораст на вредноста на акциите на „Тесла“.

Она што е интересно е што за период од само 12 месеци, богатството на Елон Маск порасна за повеќе од 150 милијарди долари.

Имено вредноста на Тесла достигна 700 милјарди долари, и сега вреди повеќе од Тојота, Фолксваген, Џенерал Моторс и други автомобилски гиганти.

За авторот

The Gentleman