Нега и одржување Пијалоци

Енергетски пијалоци – тригер за анксиозност и депресија кај мажите

Напишано од Mr. M

Енергетските пијалоци може да предизвикаат анксиозност и депресија кај млади мажи, велат студиите. Меѓу илјадници сослушани мажи на околу 20 години, оние кои пиеле барем еден енергетски пијалок дневно ( околу 250 мл ) пријавиле поголема вознемиреност, нападите на анксиозност станувале хронични и почести ( 6 до 8 дневно ).

Дали енергетските пијалоци предизвикуваат стрес или анксиозните луѓе кои конзумираат само наоѓаат изговор за својата состојба точно не знаеме, но студиите покажале со сигурност дека конзумирањето на кофеин во поголеми количини е поврзана со анксиозноста и нападите на паника.

А исто така, другите состојки како гуарана и женшен се исто така тригери за појава на раздразливост, нервоза, немир, тремори и манија. Затоа се препорачува да се прилагоди внесот на овие супстанции и да се доведе до минимум.

За авторот

Mr. M