Кариера

Ентони Бурден, готвач, авантуриста и автор, е мртов на 61 година

Напишано од martin

Почина еден од најпознатите светски ликови на денешницата, Ентони Бурден. Својата кариера на телевизија ја  започнал со “Kitchen Confidential” емисија поврзана со мрачните места на Њујорк. Во последните неколку години тој беше домаќин на шоуто “Непознати делови” на Си-Ен-Ен и работел на епизода во Стразбур, Франција, кога загинал. Тој се самоубил во хотелска соба.

Во сето она што го правел, Бурден изградил еден уникатен стил и слика на лошо момче. Со децении работел по 13 часа во повеќе ресторани низ Њујорк пред да стане извшен готвач во 1990-тите во Brasserie Les Halles. Тој работел таму 8 години се додека не испратил еден текст до The New Yorker каде што зборел за темната страна на ресораните и измамите во него.

За негова среќа, магазинот го прифатил овој текст и го објавил. Тој за кратко време станал херој кај професионалните готвачи. Тој бил отворен за неговото минато каде што зборел дека бил зависник од алохохол и дека во 1980-тите бил навлечен и на кокаин.

Ова е накратко за почетокот на неговата феноменална кариера која нажалост заврши.

За авторот

martin