Спорт

Ентони Џошуа повторно шампион… Но дали неговиот настап беше шампионски и дали ја заслужува титулата?

Напишано од Mr. M

Вчера се одржа римечот помеѓу британскиот боксер Ентони Џошуа и американецот со мексиканско потекло Ентони Руиз. Џошуа успеа да го добие овој меч во исцрпувачи 12 рунди и повторно да стане шампион во тешка категорија.

После разочарувачкиот пораз на Џошуа токму од Руиз во претходната борба, се отвори прашањето дали Џошуа навистина ги поседува квалитетите да биде најдобриот боксер во светот денеска. Не бевме навикнати да го гледаме како загубил борба, но Руиз беше првиот кој му нанесе пораз.

Сите со нетрпение го чекаа овој римеч, каде што ќе видевме дали навистина Руиз е квалитетен или пак Џошуа имал само лош ден. Сите пред борбата предвидуваа дека Ентони ќе ја врати титулата и тоа навистина се случи.

Но сепак, сите оние кои што ја гледаа борбата можеби ќе се сложат со нашето мислење дека настапот на Џошуа не ги задоволи очекувањата и покрај победата.

Image result for anthony joshua vs andy ruiz

Ако направите компарација помеѓу овие двајца борци, ќе видите дека Ентони има доста подобри карактеристики од Руиз и предиспозиции за победа. Самото тоа веднаш ви дава доза на предност во борбата. Подолги раце, поголема висина, поголема брзнина на нозете, поголема агилност и побрзо движење на телото… Ова се само дел од карактеристиките кои што Ентони Џошуа ги има за разлика од неговиот противник Руиз.

Во ваква ситуација, Руиз треба да биде тој што во натпреварот ќе тактизира и ќе бара начин да се доближи до Џошуа, но на овој натпревар ситуацијата беше поинаква. Џошуа беше оној кој постојано движеше околу рингот и кој постојано играше тактички и не му дозволуваше да Руиз да дојде до него и со кратки и не толку силни удари го напаѓаше. Јасно беше дека Џошуа добро се спремил за овој натпревар и дека притисокот врз него беше огромен, но во ниту еден момент од оваа борба, Ентони не влезе во директен судир со Руиз и покрај што е физички можеби поспремен.

Сите знаеме дека боксот е тактизирање, но ако сте шампион и ако сакате да испишете историја, на тој начин не може да се борите, не кога имате од старт неколку предности.

Руиз беше боксерот кој цела борба чекаше и бараше директен судир и можност да покаже дека неговие удари и брзина во рацете се неверојатни. Сепак и покрај тоа, Руиз докажа дека е неверојатно добар боксер кој што може да се држи со најдобрите, а Џошуа покажа дека е боскер кој е навистина квалитетен, но не е шампион во вистинска смисла на зборот.

 

За авторот

Mr. M