Најново

Еве како ке изгледа новиот Google Pixel 4

Напишано од Mr. N

Google на Твитер го објави првиот рендер на новиот Pixel 4 паметен телефон кој не би требало да се најде во продажба пред октомври оваа година.

Рендерот кој го објави Google открива три камери сместени во квадратно куќиште, бело копче веројатно за вклучување и исклучување, како и познатото “G” лого на задната страна од уредот.

Од Google на овој начин сакаат да ги намалат шпекулациите кои се појавуваат на специјализираните портали неколку месеци пред официјалното претставување на новиот Pixel 4, откако во изминатиот период на површина „испливаа“ многу непроверени информации.
Поради тоа, од Google одлучија да објават рендери со кои барем ќе ги сопрат гласините околу изгледот на нивниот нов телефон.
 

За авторот

Mr. N