Водич за патување

Еве како уште сега да штедите за следното летување за 2020

Напишано од Mr. M

Иако сега сме во летото 2019, многу луѓе доста однапред си го планираат своето следно летување. Постојат голем број на ограничувачки фактори кои не спречуваат да го планираме своето летување на време, а дел од нив се работните обврски, недостатокот на слободно време и недостаток на пари.

Еве неколку совети како да почнете уште сега да го планирате вашиот следен одмор за следното лето…

Однапред испланирајте го вашето патување

Едноставно земете еден лист и пенкало и направете план. Разгледајте ги вашите можности, вашите финансии, потенцијалните дестинации и се она што ви е потребно за едно патување.

Следете ги постојано цените на авионските карти

Со појавувањето на нискобуџетните авио компании, некои европски дестинации ни се поблиску на дофат. Ако постојано ги следите овие авио компании вие навистина можете да најдете ефтини карти.

Штедете на пари

Направете си посебна каса каде што ќе ставате пари само за вашите патувања и тргајте одредена сума на пари секој месец. Ова е еден од најважните начини за да успеете да соберете пари за вашето следно патување.

50:30:20

Преку едноставен трик вие можете да заштедите одредена сума на пари во текот на една година. 50 % од вашите примања нека бидат за вашите задолжителни месечни трошоци, 30 % од примањата нека бидат наменети за вас, а 20 % од примањата тргнете ги на страна.

За авторот

Mr. M