Автомобили

Еве кои пет автомобили се најскапи за одржување

Напишано од Mr. M

YourMechanic порталот ги искористи своите податоци со цел да направи листа од 5 автомобили кои е најскапо да ги одржувате. Во оваа листа има модели кои се постара генерација, што значи дека не се земени во предвид само најновите автомобили.

Subaru Forester

Овој модел да го одржувате во период од 10 години, би ве чинело некаде околу 12 000 долари. Овој бренд важи за еден од ние кои нудат најскапо одржување на своите модели.

Mazda 6

За да го одржувате овој модел во период од 10 години, потребни ќе ви бидат некаде од 12 700 долари. Иако брендот Мазда нуди пристојно одржување, сепак овој модел малку се издвојува од другите.

Audi A4 Quattro

Audi A4 Quattro

Десетгодишното одржување на овој автомобил ви бе чинело 12 800 долари. Моделите на Ауди можеби важат за поедноставни за одржување, сепак со новите модели не е баш така.

Mercedes-Benz E350

Германските брендови важат како скапи за одржување. Овој модел од Мерцедес ќе ви бара во текот на 10 години да потрошите 14 700 долари за одржување.

BMW 328i

Да го имате овој автомобил во период од 10 години, вас ќе ви бидат потребни 15 600 долари за одржување. Општо познато е дека моделите на БМВ се скапи за одржување.

За авторот

Mr. M