Метрополи

Еве кои се најпаметните градови во светот

Од паметни сообраќајни камери и апликации за споделување автомобили до контрола на загадувањето и бесплатен безжичен интернет за сите, градовите низ целиот свет се натпреваруваат за да ја прифатат технологијата, но експертите велат дека вистинското прашање е колку граѓаните имаат корист од тоа. Така започна битката за најпаметни градови во светот, кои најбрзо ја шират и прифаќаат технологијата.

На првите 3 места во светот како најпаметни градови се сметаат Сингапур, Хелсинки и Цирих,

„Најпаметните градови во светот не прифаќаат нова технологија автоматски, туку се стремат вистински да го подобрат животот на граѓаните“, вели Артуро Брис од Швајцарскиот институт за управување со развој (ИМД), што го објавува својот Индекс на паметни градови втора година по ред.

Оваа година во анализата биле анкетирани 13.000 луѓе од 109 градови кои одговориле на прашања за влијанието на технологијата во шест области: здравје, безбедност, мобилност, активности, можности и управување.

По Сингапур, Хелсинки и Цирих, се најдоа Окланд, Осло, Копенхаген, Женева, Тајпеј, Амстердам и Њујорк,рангиран на 10-то место.

На дното завршија африканските градови Абуџа, Најроби и Лагос. Индексот покажа дека во многу земји најпаметните градови не се нивните престолнини.

Во Шпанија, Билбао го надмина Мадрид, а вториот по големина британски град Бирмингем напредува подобро од Лондон. Брис забележува дека приоритетите на градовите во користењето на технологијата се различни.

Во колумбискиот Меделин, некогаш познат по нарко картелите, стапката на криминал значително се намалила по воведувањето бесплатен безжичен интернет, што им олеснува на граѓаните да пријавуваат злосторства, рече Брис.

И иако многу градови низ светот воведоа шеми за споделување автомобили за да се намали сообраќајниот метеж, Москва е особено успешна во тоа, бидејќи им гарантира бесплатно паркирање автомобили на сите корисници на апликации за споделување автомобили.

Експертите велат дека ковид-19 го забрзал преминот кон поинклузивни, позелени, попаметни градови, но Брис исто така предвидува тренд кон помалите градови.

„Мислам дека се движиме кон свет во кој ќе бидеме повеќе распрснати. Ќе бидеме побезбедни ако живееме во помалите градови“, рече тој.

Истражувањата исто така покажале дека е тешко да се направат мегаградовите да бидат паметни.

“Помалите градови имаат предност. Во случајот на Сингапур, Хелсинки и Цирих, нивната големина им овозможува значително да инвестираат во технологија достапна за сите граѓани”, рече Брис.

Според она што го прави нашиот град, за жал, ние сеуште дискутираме за асфалтирање на улици, додека одредени општини како Центар на пример воведоа рециклирај и заработувај. Што не е така лошо. Но, сепак сме премногу далеку од развиените градови.

За авторот

The Gentleman