Кариера

Еве кој е најдобриот млад менаџер во Македонија за 2018 година

Напишано од martin

Средата, на 28 ноември во Тренд Гастро Бар се одржи првиот избор на Мажи на годината во Македонија за 2018 година. На свечената вечер беа наградени успешни мажи од 10 категории. Една од категориите беше, Млад менаџер на годината во Македонија за 2018 година.

Да се биде млад и успешен во нашето општество е мотив за сите. Претприемачкиот дух кој секој од нас треба да го носи е нешто што се учи од мали нозе. Да се биде мотивиран да се прават успеси е одлика на големите, кои не застануваат во своите цели и амбиции. Ова е категорија создадена за менаџер помлад од 30 години кој плени со иновативност, смелост, амбиција и ги турка границите на постоечкото.

Добитникот на оваа награда беше Душко Чифлиганец.

Школуван на една од најелитните бизнис школи на Блискиот Исток, Американскиот универзитет во Дубаи. На Блискиот Исток успешно води бизнис со органска храна – косоптвеник е на Midway Middle East, која е брзорастечка компанија со седиште во ОАЕ, пионер во бизнисот со здрава храна, и добитник на неколку престижни признанија. Во Македонија, заменик генерален директор и главен двигател на иновативноста во Адора инженеринг, компанија лидер и „Пар екселанс“ во високоградбата во Р.М.

За авторот

martin