Технологија

Еве која е главната цел на Марк Закерберг за 2019 година

Напишано од Mr. M

Основачот на најпознатата социјална мрежа, Фејсбук, Марк Закербер, имаше доста турбулентна 2018 година, бидејќи се соочи со голем број на обвиненија. Сепак, и покрај тоа, тој нема да стигнел до ова место каде што е сега, доколку не бил лидер кој имал јасна цел за работите што ги прави.

Секој лидер и претпримеч мора да помине некој кризен период во кој што се соочува со проблеми. Тие се дел од бизнис светот.

Во 2018 година неговата главна цел била фокус на американските избори, приватноста и добробитот на корисниците, а за неговата цел во 2019 година, тој се огласи на Фејсбук.

Марк во 2019 година има во план да одржи јавни расправи за иднината на технологијата и нејзиното влијание на општеството, со цел да дознаеме какви сѐ предизвици и прилики нѐ очекуваат во текот на следните години. Тој има намера на секои неколку недели да разговара со експерти и лидери, но и со луѓе од заедниците – тие разговори ќе бидат јавни (ќе можат да се следат по пат на Фејсбук или Инстаграм) и Закерберг ќе користи различни формати на разговор со цел да бидат што поинтересни.

За авторот

Mr. M