Спортски вести

Еве колку се промени фудбалот за 15 години од финансиска гледна точка

Напишано од Mr. M

Во последните 15 години, пазарната вредност на фудбалерите драстично порасна. Пред 10-тина години, најскапиот играч во светот чинеше 40 милиони евра, додека денеска најплатениот е пет пати повеќе.

Во 2004 година, трансферот на Зидан од Јувентус во Реал Мадрид чинеше 77 милиони евра и три години беше најскапиот трансфер, а во 2009 се се промени кога Кристијано Роналдо замина во Реал за 94 милиони евра.

Денеска во светот на фудбалот има осум трансфери кои што имаат поголема вредност од 100 милиони евра, рекордот сеуште го држи Нејмар со 222 милиони евра.

Подоле може да погледнете едно видео кое што успеавме да го најдеме на интернет каде што ќе може да видите колку се променил фудбалот од финансиска гледна точка за само 15 години.

До каде можат да одат овие цифри?

За авторот

Mr. M