Во светот на часовниците

Еволуцијата на часовниците на Џејмс Бонд

Напишано од The Gentleman

Еден од најпрепознатливите карактери од филсмката индустрија е дефинитивно Џејмс Бонд. Елегантен, софистициран агент кој има манири на вистински модерен маж. Покрај квалитетите она што го одликува е неговиот стил кој е инспирација за сите. Маж со префинет вкус кој знае што е добро и квалитетно.

Тој секогаш бил облечен во најдобрите костуми, ги имал најдобрите автомобили, а на раката не пропуштал да ги стави и најпрефинетите модели на часовници.

Во раните денови од неговата кариера, кога агентот го глумеше Шон Конери, Rolex беше изборот на часовник кој беше идеален за Флеминг. Според експерите кои стоеа позади Џејмс Бонд, длабоко беа уверени дека Rolex е брендот кој е идеален за агентот, особено за Шон Конери. Како најпорепопзнатлив модел кој се појавил на филмовите е Rolex Submariner.

The evolution of James Bond’s watches

Потоа следуваше нова ера за Џејмс Бонд, или ерата на Роџер Мур од 1977 година. Тогаш на сцената се појави Seiko. Иако за многумина оваа одлука беше зачудувачка, но по првото појавување на моделот 0674 5009, љубителите на часовници веднаш сфатија за што станува збор.

The evolution of James Bond’s watches

Во текот на 70-тите и 80-тите започна појавувањето на кварцните часовници со што како да изгледаше да се уништува уметноста на часовниците. Сепак во 1994 година ни пристигна Omega. Овие модели на часовници за прв пат се појавија на раката на Пирс Броснан. Овие филмови го вратија престижниот агент Бонд и го украсија со квалитет, престиж и уметност. Часовникот кој направи пресврт во серијалите на Џејмс Бонд е Omega Seamaster 300M Chronometer.

The evolution of James Bond’s watches

Да не се лажеме, ама сметаме дека Бонд не смее да носи друг часовник освен Omega. 🙂

Потоа доаѓа ерата на Даниел Крег и неговиот Omega часовник. Елегантни и софистицирани, со неверојатен квалитет на изработка. Џејмс Бонд е човек кој е постојано во движење и од акција па затоа му е потребно на зглобот нешто што ќе се совпадне со неговиот животен стил. Тој го носеше моделот Omega Seamaster Professional 300M и на крајот  се појави со Omega Seamaster Aqua Terra.

The evolution of James Bond’s watches

Во најновиот филм на Бонд кој чекаме да излезе, агентот ќе го носи моделот Omega Seamaster Diver 300M 007 Edition. Кога сме веќе кај Omega моделите, ако сакате да се запознаете со нив и научите нешто повеќе за нив, посетете ги Божиновски часовници и накит кои се официјални претстваници на овој бренд кај нас. 

За авторот

The Gentleman