Економија

Европа никогаш немала толкав број на туристи!

Напишано од Mr. M

Во тек е ненадејно покачување на туризмот во Европа, меѓутоа за некому ова е проблем. Барселона настојува да го ограничи градењето на хотели, музејот Лувр во Париз во Мај оваа година не работел бидејќи имало преголем број на посетители, а не доволно пресонал. Амстардам започна со кампања што би ги спречила туристите да пијат и уринираат на улиците.

Овие три града се меѓу десетте европски градови кои изразија загриженост поради експлозивниот раст на изнајмување станови на интернет платформите.

Објавени се резултати кои велат дека после падот на економската криза бројот на ноќевања во туристички сместувања во Европа постојано расте. Од 2009 година до 2017, пораснала за 29,3 %.

Прва на листата е Летонија, со скок од 189 %, а на второ место Хрватска со 130 %. Сепак, главно жариште на туризмот во Европа и понатака е Шпанија.

Од земјите во Европа најмногу патуваат британците, потоа шпанците и французите. Најпопуларни за туристите се Канарските острови, Јадранот и Шпанија.

Она што секој домаќин најмногу го интересира е потошувачката на туристите. Најмногу од туристите трошат Швеѓаните, потоа следуваат Данците.

За авторот

Mr. M