Технологија

И Facebook со мерка до Huawei

Напишано од Mr. M

Facebook повеќе нема да дозвлоува новите паметни телефони на Huawei да бидат со однапред инстлирана нивната апликација. Ова е уште една од мерките кои беа направени кон кинеската компанија.

Сепак, корисниците на Huawei и понатаму ќе можат да ја симнуваат оваа апликација заедно со WhatsApp  и Instagram, и секако ќе имаат и можност за апдејтирање на самите апликации.

Според ова можеме да видиме дека Facebook има поинаков пристап кон Huawei за разлика од Google кој дозволи само привремено инсталирање на своите безбедносни надоградувања на постоечките телефони на Huawei.

Оние телефони од кинексата компанија кои се направени или оние кои сеуште не се испорачани, и понатаму ќе имаат Google услуги кои ќе бидат како преинсталирани.

За авторот

Mr. M