Технологија

Facebook официјално ја претстави својата криптовалута

Напишано од Mr. N

Социјалниот медиум Facebook ја претсави официјално својата криптовалута наречена Либра со цел да ја прошири својата дејност надвор од социјалната мрежа.

Libra е децентрализирана крипто-валута што ќе ви овозможи да испраќате пари на WhatsApp, Instagram или Messenger и да правите мобилни плаќања преку интернет. Facebook има амбициозни планови со својот иновативен проект.

Новата крипто-валута е поддржана од невладината организација „Libra Association“, која вклучува голем број на корпорации и големи инвеститори. Меѓу нив се забележуваат имињата на Mastercard, Visa, PayPal, Stripe, eBay, Uber, Lyft и Spotify. Секоја од нив може да донесува одлуки за виртуелната валута на Facebook. Идејата е вкупниот број на учесници во проектот ќе достигне 100, информира Mashable.

Facebook, исто така, соопшти дека нема да имаат привилегија и посебно право да гласаат против другите акционери на „Libra“. Се очекува валутната стабилност да се обезбеди со поврзување со американскиот долар

Валутата ќе биде достапна за сите кориснички профили на социјалните мрежи.

 

За авторот

Mr. N