Фитнес

Фатални грешки кои често ги правите после тренинг

Напишано од Mr. N

Пронаоѓањето на соодветна тренинг програма е голем предизвик ако го правите тоа сами. Ќе ви треба време, трпение и многу експериментирање за да дојдете до конечното решение што ќе ви ги даде резултатите што ги сакате. Ако сметате дека трудот што го вложувате не го дава бараниот исход, проверете дали правите некоја од овие 5 грешки.

Прескокнување на загревањето

Разбирам дека како млади сите се чувствуваме како Супермен, без ниедно апче, вирус или болка не те спречува веднаш да посегнеш по теговите. Но иако е предизвикувачки да се почне диркетно со тежок тренинг без соодветно загреавње на телото( 5 минути трчање на трака, вежби со сопствена тежина, повеќе повторувања на вежбата без тежина), тоа и те како ќе се одрази во текот на годините.

Претерано вежбање

Повеќето мислат дека не постои терминот претерано вежбање, но тоа не е вистина. Претераното вежбање е феномен и може да Ве врати еден чекор назад од манифестирање на оптималниот прогрес од вашиот труд. Заради заднината на ентузијазмот и нетрпеливоста, многу почетници тренират многу повеќе кога ќе почнат да вежбаат, мислејќи дека колку повеќе време поминуваат во теретана, толку повеќе мускули ќе имаме. Важно е да се запамети дека процесот на мускулен раст не се одвива кога тренираме, туку кога одмараме.

Предолго без исхрана

После интензивниот тренинг во теретана, на вашиот организам му се потребни амино киселини и јаглехидрати. Овие нутрициони состојки се доста важни за одмарање на мускулните ткива и како исхрана за вашиот изморен нервен систем. Пробајте да консумирате квалитетна исхрана после секој напорен тренинг.

Недостаток на Whey протеин

Поради фактот дека whey протеинот брзо ги вари и снабдува мускулите со неопходни амино киселини, се смета за најдобар извор на протеин. Многу е важно да го внесете во организмот после напорниот тренинг, особено ако вашата цел е раст на мускулната маса.

Консумирање на нездрав вид на намирници

Целта после секојдневниот тренинг треба да биде доволен износ на јаглехидрати и амино киселини кои по пат на крвотокот ќе дојдат набрзо до мускулите. Масните намирници го успоруваат варењето на храната, па тоа е една од најголемите грешки кои може да ги уништат вашите тренинг навики.

 

За авторот

Mr. N